Грција ги објави протоколите за летување: Еве што треба да знаете

Точка

23/05/2020

18:41

13.248

Големина на фонт

а а а

Сите хотели и туристички објекти во Грција мора да имаат "План за управување со сомнителен случај со Ковид-19", согласно со здравствените протоколи од Министерството за Туризам. Хотелите со капацитет од 50 или повеќе соби треба да изработат акционен план и индивидуални протоколи за секој дел од објектот за управување со позитивен случај.

Предвидена е и обука на персоналот околу начините на кои се пренесува вирусот, за процесот на информирање на одговорните во хотелот како и за одржување на основните правила на лична хигиена. 


На рецепциите на хотелите треба да има антисептик, да се држи потребната дистанца, а пријавувањето и одјавувањето да врши по електронски пат. Секако, плаќањето ќе мора да се врши со картичка.

На хотелите во Грција им се препорачува да ги отстранат списанијата, каталозите и далечинските управувачи и секојдневно да се проверува дали во собите има антисептик.

Во здравствените протоколи вклучени се и организираните кампови, каде што исто така ќе мора да има план за управување со сомнителен случај на Ковид-19.

Меѓу камп-приколките и шаторите ќе мора да има растојание од пет метри и три метри странично.

Автобусите ќе работат со 50 проценти од капацитетите, а патниците за време на целото патување ќе мора да носат маска. Се препорачува автобусите често да се проветруваат и темелно да се дезинфицираа по секое патување.

И компаниите кои работат со автобуски превоз треба да имаат план за управување со сомнителен случај на коронавирус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг