Обожува да јаде, а ги има најдобрите стомачни мускули – актерката открива како можете да ги имате и вие

Кармин

21/05/2020

19:40

3.307

Големина на фонт

а а а

32-годишната мексиканска актерка Барбара де Рехил, која ја нарекуваат и сопственичка на најдобрите стомачни мускули во нејзината земја, открива како можете да имате совршени мускули и вие.

На Инстаграм, актерката ја следат 7 милиони луѓе, а таа е позната по своите фитнес туторијали и улогите во филмови и серии.  

Како што вели Барбара, стомачните мускули ги постигнала со редовно вежбање во теретана и избалансирана исхрана – нешто што сите веќе го знаеме.

Таа се труди да избегнува шеќер, а кога ќе ѝ се пријаде нешто “забрането”, се почестува со овошје, пуканки и желе без шеќер. Најчесто јаде храна богата со протеини и внесува многу свеж зеленчук, но внимава да не внесува повеќе калории отколку што согорува.

“Обожувам појадок, ручек и вечера. Обожувам да готвам, ја обожувам храната и сакам здраво да се хранам. Тоа е мојата страст. Да не бев актерка, сигурно ќе бев готвачка”, тврди згодната Мексиканка.

Барбара додала и дека се грижи во нејзината рутина, но и во рутината на нејзиното семејство секогаш да има време за вежбање.

Признава и дека понекогаш ги прекршува правилата во исхраната, но тоа е секогаш поради пицата и сладоледот на кои не може да одолее.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk