Хари итно пренесен на психијатриска клиника: Принцот доживеал нервен слом?

Точка

20/05/2020

17:12

7.012

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари наводно бил итно пренесен на психијатриска клиника бидејќи доживеал нервен слом, пишуваат странските медиуми.

Капката која ја прелеала чашата било одвојувањето од семејството – чекор на кој Хари се одлучил за да ја заштити сопругата Меган од јавноста која не ѝ била баш наклонета. 

Како што се наведува понатаму, принцот постојано повторувал дека не сака да ѝ се случи истото што ѝ се случило на неговата мајка Дајана, па стравот и паниката во целост го “скршиле”, пишува таблоидот “Globe“.


“Хари самиот признал дека не може да верува колку му се променил животот. Меган на некој начин го присила да го отфрли семејството, пријателите... за таа да може да го следи својот сон да стане холивудска актерка – но тоа се претворило во негова најголема ноќна мора”, тврди изворот и додава дека принцот се чувствува изгубено и осамено бидејќи нема пријатели во Лос Анџелес.

“Единствените луѓе со кои тие се гледаат се ѕвезди од Холивуд со кои Меган се спријателила за да ја отпочне својата кариера и да стане суперѕвезда”, рекол изворот и опишал како дошло до нервниот слом:


“Принцот и Меган се карале околу тоа како ќе изгледа нивниот живот во Америка кога ќе завршат мерките поради коронавирусот, што него го довело до точка на пукање. Тој завршил на клиника за лекување на ментални болести. Слушнав и дека боледува од пострауматски стрес, кој го предизвикал смртта на неговата мајка, а сегашната ситуација и траумата поради одвојување од кралското семејство ја влошило неговата состојба”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг