Моника Селеш проговоре јавно: „Се мачам со анксиозност, под стрес сум и изолирана...“

Кармин

20/05/2020

11:35

6.337

Големина на фонт

а а а

Некогаш најдобрата тенисерка на светот, Моника Селеш, проговорела за здравствените проблеми и тоа како се борела со анксиозноста во текот на животот и кариерата.

Селеш, која што е родена во Нови Сад, пред 46 години, од 1988 до 1994 година, играше за знамето на Југославија, и во тој период освоила осум од вкупно девет Гренд слем титули во кариерата.

Сега, американска државјанка, без сомнеж веројатно била и некогаш најдобрата тенисерка до кобната 1993-та година, кога имаше само 20 години, а беше забодена со нож од страна на Парх, навивач на Штефи Граф.


„Проблемот со анксиозноста го имам од детството. Среќна сум што навреме добив помош, но и понатаму се мачам со тоа. Најмногу кога сум под стес и кога сум изолирана. Анксиозноста нема граници, и сите ние кои што го имаме тој проблем се чувствуваме поразлично“ – изјавила Моника во видео снимка по повод Недела на светска борба против менталните болести.

По големите трауми во Хамбург, Селеш се вратила на тенисот само две години, но никогаш повеќе не била во иста форма како претходно.


„Се обидувам да го сведам било кое движење во рутина, во мојата дневна соба. Трчање, играње и моето омилено – шетање на кучето. Уживам да разговарам со пријателите и тие навистина ми помагаат да поминам преку некои тешки периоди во мојот живот“ – открила Моника.

На крајот таа споделила и совет за сите оние кои што патат како таа:

„Доколку сте родител или пак тинејџер кој што се мачи со оваа криза, ве молам знајте дека не сте сами“ – истакнала Моника Селеш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk