Филипче во „Еден на Еден“: „Не сум пиел многу алкохол, а до 4-5 часот попладне пијам по 6-7 еспреса...“

Точка

18/05/2020

22:07

13.315

Големина на фонт

а а а

Во вчерашната емисија „Еден на еден“, на големо задоволство на сите, гостин беше министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Министерот покрај актуелната тема за коронавирусот и справувањето на нашата земја со истиот, дава одговори и на прашања кои што не се поврзани со тоа.

На прашањето: „Како започнува еден негов вообичаен ден?“, тој вели:

„Се будам во околу 4-5 часот наутро. Така сум попродуктивен“.

„Што прави министерот надвор од работното време, во слободно време? Гледа ли серии или филмови?“

„Серии не гледам ама филмови да. На „Нетфликс“ и „Поп корн“. Последен филм што го гледав е Contra tiempo“.

„Дали следите спорт?“

„Гледам НБА, а фудбал не следам“ - вели министерот.

„Дали слушате музика? “

„Слушам само кога возам, тоа што е на радио. А, во кабинет никогаш нема музика зошто тоа ми пречи, а тишината ме одмара“.

Венко за своето искуство во операционите сали и слушање музика за време на операција:

„Јас сум бил во операциона сала на сите континенти освен во Австралија, и секаде зависи од договорот со тимот“ - рекол министерот.

По овој одговор, Жаре се пошегува:

„Што ако сестрата сака да го слуша Аца Лукас? Песната „Бајпас“ е веројатно добра за операција“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг