"Renault" укинува повеќе модели, а еве кои се најзагрозени

Точка

15/05/2020

19:10

3.867

Големина на фонт

а а а

Меѓу моделите за кои актуелната генерација би можела да биде последна се и некои со повеќедецениски стаж.

Според најновите извештаи, "Renault" ја преиспитува економската оправданост на постоењето на одредени модели од својата гама, па во блиска иднина некои возила со долга традиција би можеле да бидат укинати, пренесува "Reuters". 

Како замена за овие автомобили би требало да пристигнат нови "SUV/Crosover" модели, за кои моментално владее поголем интерес кај купувачите.

Извор близок на компанијата наведува дека минивен возилата "Scenic" и "Espace" се меѓу кандидатите за "отстрел", а најверојатно ќе им се приклучи и лимузината "Talisman".

Укинувањето на овие три модели наводно е дел од планот кој на францускиот произведувач треба да му донесе заштеда од 2 милијарди евра во наредните 3 години.

Листата на модели на кои им се предвидува крај не е конечна, но трите споменати имиња се први на удар и речиси сигурно нема да ја дочекаат следната генерација, тврди истиот извор.

И додека "Talisman" е релативно нов модел, кој пред неколку години наследил два модели на "Renault" - "Laguna" и "Latitude", "Scenic" и "Espace" се етаблирани возила без кои понудата на францускиот произведувач била незамислива во последните три децении.

Името "Scenic" датира од 1996-та година, а "Espace" се произведува од 1984-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг