Цел свет во солзи по емотивната исповед на Џоли: „Болеше повеќе отколку што некогаш помислив дека ќе боли...“

Кармин

12/05/2020

15:35

5.673

Големина на фонт

а а а

Мајката на популарната актерка Анџелина Џоли почина во 2007-та година од рак на јајниците и дојка, па преку емотивна исповед Анџелина се присетила на најтешкиот момнет во нејзиниот живот.

Имено, по повод вчерашниот Ден на мајката, Анџелина се присетила на својата мајка, а нејзините искрени и емотивни зборови ги пренеле од „New York Times“:

„Кога ќе погледнам назад, можам да видам колку нејзината смрт ме промени. Не беше изненадувачки, но силно ме погоди. Да ја изгубите топлината и љубовта од вашата мајка, меката прегратка, тоа е како некој да ви го оттргне заштитниот оклоп“ – напишала Џоли.

Инаку, Џоли неколку години по смртта на својата мајка на десната рака го истетовирала името од мајка си, а повеќе пати раскажала како некои работи од мајка си ги применува во односот со сопствените деца.


„Животот носи многу пресврти. Болеше повеќе отколку што помислував дека ќе боли. На овој Ден на мајката мислам и на мајките кои што побегнале од своите домови, а кои што ги запознав, кои што живеат расеани и во сиромаштија.

Патот на мајчинството секоја од нив го започнала со ветување дека ќе напарви сè што може за да ги заштити своите деца. Дека ќе се жртвува и својот живот ќе го даде за нив ако е потребно. Не постои никој кој може да реши повеќе проблеми. Кога има само љубов за децата, љубов која што умее да ја даде, а таа излегува од нивната душа.

Им давам почит на сите мајки кои што се чувствуваат беспомошно, им испраќам многу сила, бидејќи тие сè што имаат им даваат на своите деца. А, на сите кои што тагувате на овој Ден на мајката, се надевам дека во вашите сеќавање ќе најдете сила и утеха“ – напишала Џоли во својата исповед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk