Точка ТВ: Неверојатни факти за Амазонија кои веројатно не сте ги знаеле

Точка

08/05/2020

21:03

7.074

Големина на фонт

а а а

Амазонија е најголемата тропска прашума во светот која постои најмалку 55 милиони години и која покрива повеќе од 5,5 милиони квадратни километри, а ова се некои факти за „белите дробови на светот“ кои веројатно не сте ги знаеле.

Амазонија популарно ја нарекуваат „белите дробови на светот“ затоа што бујната вегетација на оваа за светот скапоцена прашума се храни со јаглеород диоксид и произведува 20% од кислородот на нашата планета.

Туканот е најгласното животно во Амазонија кое ги надгласува сите останати животни и може да се слушне на оддалеченост од еден километар.

На светот има околу 400 милијарди дрвја, а дури 16 илјади различни видови растат во оваа прашума. Норвешка во 2008-ма година донираше дури една милијарда долари за спас на прашумата.

Во Амазонија растат околу 3 илјади видови овошје кое може да се јаде. Од тоа овошје, само 200 видови се користат кај нас. Се претпоставува дека домородците користат дури 2 илјади видови на различно овошје во исхраната.


Се смета дека се уште постојат околу 50 амазонски племиња кои живеат во прашумата кои никогаш не биле во контакт со остатокот од светот.

Прашумата е дом на неверојатни 2,5 милиони различни видови на инсекти, над 40 илјади билки, 1,300 видови на птици и околу 400 видови на цицачи. Во Амазонија живеат огромен број на опасни животни како што се пумата, отровните жаби и познатата змија анаконда.


Се проценува дека доколку климатските промени предизвикаат зголемување на глобалната температура за само 3 степени, дури 75% од оваа прашума ќе бидат уништени. За жал, бразилските власти во последните години не прават премногу за да ја заштитат прашумата, а Амазонија во текот на минатата година беше погодена од серија на катастрофални пожари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk