Чиста моќ од 900 КС: Погледнете го овој тјуниран “RS Q8”

Точка

06/05/2020

17:35

2.822

Големина на фонт

а а а

Најбрзиот и најмоќен џип на “Audi” благодарение на познатата германска тјунинг компанија сега стана уште подобар.

Германската тјунинг компанија “Manhart Performance” најави нов проект, а станува збор за моделот “Audi RS Q8” кој после нивната преработка ќе стане уште помоќна машина.

Овој џип ќе располага со импресивни 900 коњски сили и максимален обртен момент од 1080 “Nm” кои ќе ги произведува 4.0-литарскиот “V8” мотор.


Од компанијата засега немаат објавено податоци за забрзувањето од 0 до 100 километри на час и масималната бризна која овој ѕвер ќе ја развива. Инаку, фабричката верзија на овој модел до „стотка“ развива за 3,8 секунди, додека максималната брзина изнесува 280 километри на час.

“Manhart” исто така работеле и на подобрување на осмостепенскиот автоматски менувач кој силата ја пренесува на сите четири тркала.


Автомобилот ќе го носи називот “Manhart RS 900” и ќе биде произведена ограничена серија од само 10 примероци кои ќе се продаваат по цена од вртоглави 280 илјади евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг