“Hygge”, “fika”, “lagom”, “niksen”…: Запознајте се со сите скандинавски филозофии за среќен живот

Точка

09/04/2020

12:04

1.704

Големина на фонт

а а а

Меик Викинг, директор на Институтот за истражување на среќата е, веруваме, главниот виновник за светската полуденост по скандинавскиот начин на живот.

Кога пред две години ја објави книгата “Hygge – дански рецепт за среќен живот” која стана бестселер, тој нѝ покажа зошто Скандинавците се вбројуваат помеѓу најсреќните луѓе на светот, но и нѝ откри како го поминува драгоценото време и како да постигнеме заедништво и вистинско задоволство. 

Меик нè поттикна и да дознаеме како се облекуваат Скандинавките, како го уредуваат домот, балконот, но и кои се нивните концепти за среќен живот.

Самоизолацијата во овој период нè мотивираше да се потсетиме на некои од нив и да сфатиме што е вистински потребно за среќа.

“Hygge”

“Hygge” е уживање во сегашниот момент. Насмевката која ви се појавува на лицето кога со вашиот сопруг ги гледате фотографиите од венчавката, мирисот на домашен леб од кујната, емоциите кои се јавуваат во вас додека читате некоја добра книга.


“Hygge” поттикнува на креирање топла атмосфера во домот и уживање во работите кои се добри во вашиот живот, како и луѓето кои се околу вас. За да креирате “hygge” во вашиот ентериер, додајте свеќи, ламби, миризливи свеќи, свежо цвеќе, ќебиња, семејни фотографии...

“Lagom”

“Lagom” претставува нешто умерено, не премногу, не премалку, туку доволно – толку колку што нѝ е потребно.

Облеката, храната и амбиентот можат да бидат “lagom”, како и вашето утринско кафе или расположението, судејќи по Швеѓаните.


“Lagom” е всушност потсетник да уживаме во малите работи со кои е исполнето нашето секојдневие.

“Niksen”

“Niksen” е дански концепт кој потсетува дека треба да си дозволиме мала пауза и мрзеливост дури и во забрзано темпо.

“Niksen” нè мотивира да забавиме. Периодот на одмор не треба да трае подолго од еден час, а можете да се релаксирате со чај, книга, “fika”...


“Fika”

“Fika” буквално преведено значи да се има кафе, но она што е клучно да се нагласи е дека “fika” всушност претставува пауза во текот на која треба да се присетиме на сите добри работи во животот.

“Fika” е воедно и мала пауза за уживање во топол напиток, најчесто пропратен со вкусни слатки, но и во друштво на драги луѓе. Веруваме дека нашиот превод за овој збор би бил – ќеиф.


За да го креирате овој ритуал во вашиот дом, едноставно направете пауза од 20 минути од сите дневни обврски, со омилената шолја кафе, послужете се со слатки и уживајте во опуштениот момент.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk