Познатата пејачка открила дека боледува од биполарно растројство

Кармин

06/04/2020

18:06

2.753

Големина на фонт

а а а

Во разговор со Мајли Сајрус, пејачката и актерка Селена Гомез рекла дека конечно дознала што е причината за нејзините повеќегодишни проблеми, пишува “Daily Mail”.

Во отворениот разговор за своето ментално здравје, Селена признала дека ѝ било дијагностицирано биполарно растројство, а тоа го дознала по посета на психијатриска установа во рамки на истражувачкиот центар за невронаука во Масачусетс. 

“Неодамна отидов во една од најдобрите ментални болници и таму ја добив дијагнозата. Тоа истовремено ме исплаши и ме релаксираше. Ме релаксираше затоа што конечно ја дознав причината за сите мои тегоби и депресии во текот на изминатите години. Сè досега не бев свесна што ми се случува. Кога конечно ги имам сите информации, тоа ми помага и знам што треба да направам. Кога бев мала, многу се плашев од грмотевици, па мојата мајка ми купи многу книги за тоа како настануваат. Ми кажа: “Колку повеќе знаеш за тоа, толку помалку ќе се плашиш”. И успеа. Истото важи и за овој мој проблем”, изјавила Гомез.

“Јас сум девојка од Тексас, а тука едноставно не се зборува за менталното здравје. Тука мораш да изгледаш кул. Така кај децата и тинејџерите се таложи бес”, објаснила Селена зошто претходно не обрнувала внимание на оваа ментална болест.

Пејачката и претходно зборувала за анксиозноста и депресијата, но никогаш не спомнала дека станува збор за биполарно растројство. Во август 2016 година таа ги прекина настапите за да се ослободи од тегобите, паничните напади и депресијата. Тогаш изјави дека тоа се пропратни појави на автоимуната болест лупус, од која боледува.

Но, Селена сега вели дека се чувствува одлично:

“Земам лекови и им препорачувам на сите да го решат тој проблем во договор со докторите и терапевтите. Ќе си го олесните животот”, заклучила пејачката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk