Овој деликатес ќе ги разбуди сите ваши сетила. Подгответе го рецептот во продолжение и уживајте во него со целото ваше семејство.
Потребни состојки (за 4 лица):
- 4 големи компири
- маслиново масло
- 200 гр. чедар кашкавал
- 2 страка млад лук, ситно исецкан
- 100 гр. ситно исецкана сланина
- половина шолја кисела павлака
- една супена лажичка путер
- ¼ шолја млеко
- сол и бибер
1. Компирите со лушпа добро измијте ги и исушете ги, а потоа ставете ги во тава за печење и избоцкајте ги со вилушка на неколку места.
2. Прелијте ги со маслиново масло, посолете и ставете да се печат на 180 Целзиусови степени околу еден час.
3. По еден час извадете го компирот од рерна, пресечете го по должината и со лажичка (но, внимавајте лушпата да остане цела) извадете ја внатрешноста.
4. Содржината на компирите ставете ја во стаклена чинија и додадете го чедарот, младиот лук, сланината, млекото, путерот, павлаката, солта и биберот и сè добро промешајте.
5. Со смесата наполнете ги компирите до врвот, а на врвот ставете уште една лажичка павлака и наросете со ситно исецканиот лук.