Близнаци родени среде пандемија добиле имиња Корона и Ковид

Кармин

03/04/2020

16:55

2.292

Големина на фонт

а а а

Иако пандемијата на коронавирусот на повеќето луѓе не им донесе ништо убаво, млади родители од Раипур во централна Индија, одлучиле своите близнаци родени за време на пандемијата да ги наречат Ковид и Корона.

Мајката Прити Верма (27) за „Hindustan Times“ открила дека тие имиња ги избрале за да ги потсетуваат на тешките околности во кои добиле две здрави деца. Сепак, додале дека можеби ќе ја променат одлуката.

„Благословена сум со близнаци, девојче и момче, утрото на 27-ми март. Засега ги крстивме Корона и Ковид. Ги родив во тешки околности, па јас и сопругот сакавме тој ден да остане запаметен. Кога медицинскиот персонал почна така да ги нарекува одлучивме да им дадеме имиња според пандемијата“, рекла Прити.


„Доцна навечер почнаа породилните болки. Не знам како мојот сопруг успеа да се снајде за брзата помош да дојде по нас. Поради изолацијата е забрането движење и полицијата неколкупати нè запре, но нè пушти да продолжиме поради мојата состојба. Не знаев што ќе нè дочека во болница, со оглед дека веќе беше полноќ, но лекарите и сестрите беа многу професионални“, раскажала мајката.

Портпаролката на болницата, Шубра Сајн, за медиумите открила дека мајката и бебињата се во добра состојба и се пуштени дома.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk