‘Кери’ во најлошо издание досега – луѓето коментираат дека изгледа валкано, а тоа што го облекла...

Кармин

03/04/2020

13:02

5.165

Големина на фонт

а а а

Актерката Сара Џесика Паркер била фотографирана во неуредно издание за време на пандемијата коронавирус.

Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, популарната Сара Џесика Паркер (55), која во серијата ја толкуваше улогата на Кери, отишла да купува намирници со мрсна коса, без шминка и облечена во тренирки.

Изгледала како воопшто да не ѝ е гајле тоа што ќе биде фотографирана од страна на папараците во такво издание.

„Што ѝ се случило?“, „Ок, карантинот влијае на изгледот“, „Да, и вам ви делува валкано“, „Таа вака никогаш не изгледала“, се само дел од коментарите на сметка на нејзиниот изглед.


Џесика инаку го има епитетот за ‘модна икона’, а поголемиот дел од луѓето ја замислуваат онака како што излега во популарната серија.

Актерката која што се прослави со улогата на новинарка и колумнистка Кери во серијата „Сексот и градот“, а подоцна и во истоимениот филм, на почетокот на кариерата на сетот доживувала непријатни ситуации.

„Морав да научам како да се чувствувам пријатно во оваа работа. Секако дека не ми беше нималку лесно. Меѓу другото, тоа е проблем за било која работа која ја работите, не само во мојата кариера“ – изјавила Паркер.

Таа додала дека без оглед на тоа колку препреки имала во светот на актерството, сепак таа отсекогаш сакала да се занимава со таа работа.

Исто така таа изјавила дека во некоја прилика се расплакала кога на сетот на некое снимање од неа побарале да се соблече гола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk