Манекенката порачува: “Опседнатоста со младешкиот изглед е губење време – жената може да биде многу повеќе од само убава”

Кармин

01/04/2020

19:18

1.799

Големина на фонт

а а а

Клаудија Шифер е една од најуспешните манекенки на 90-тите години на минатиот век. Таа во текот на кариерата красеше многу насловни страници и повеќе пати беше прогласувана за најубава жена на светот.

Неодамна Шифер во едно интервју открила дека воопшто не се плаши од староста и смета дека секоја жена треба да биде горда на своите години бидејќи секоја нова носи нова авантура и доза на мудрост. 

Во раната младост Клаудија сакала да студира право, но животот ја одвел на сосема друга страна. Таа била забележана од агент од, во тоа време една од најпознатите модни агенции, кој ја ангажирал.


Набрзо потоа Шифер се појавила на насловната страница на француската верзија на списанието “Ellе” и го заинтригирала целиот свет. Од тој момент, нејзината кариера започнала да се движи по нагорна линија.

Убавата Германка во неодамнешното интервју зборувала за својата долга и блескава кариера:

“Беше неверојатно. Понекогаш се чувствував како рок ѕвезда”, изјавила Клаудија, но додала и дека денес ѝ е доста од тој свет.


“Дојде време достоинствено да остарам. Не сакам до крајот на животот да ме нарекуваат убавица, спремна сум да го оставам тоа зад себе. Сега сум во некое сосема ново поглавје од животот. Некои нови генерации треба да го заземат тоа место, тоа за мене е нормално и природно”.

Шифер додала и дека борбата за вечно младиот изглед е голема грешка:


“Не сум воопшто љубоморна ниту завидна. Всушност, доколку некој ми понуди таблета која ќе ме врати 20 години во минатото, сигурно би го одбила тоа. Борбата за вечно младиот изглед е голема грешка. Жената може да биде многу работи, не само млада и убава”, заклучила манекенката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk