Годин го спореди Лаутаро со две големи напаѓачки имиња: Тој созрева со секој натпревар, ќе биде…

Дерби

01/04/2020

16:47

950

Големина на фонт

а а а

Лаутаро Мартинез е еден од најдобрите напаѓачи кога се во прашање играчите до 23 години, а тоа особено го потврди, покажа во оваа актуелна кампања каде со фантастичните партии во дресот на Интер го привлече вниманието на јавноста, но и на голем број на екипи.

Особено за него „гризе“ Барселона, а тука е интересот уште од Реал Мадрид, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед што значи дека Интер ќе има многу тешка задача да го задржи во своите редови. Диего Годин во актуелнава сезона директно соработува со Аргентинецот и одблиску може да се увери во неговите квалитети, па според него Лаутаро е играч кој може да се спореди со две активни, големи напаѓачки имиња-Луис Суарез и Кун Агуеро.

-Лаутаро е сличен со Луис и Агуеро. Учи да игра користејќи го целото тело, со грбот кон топката. Тој е фудбалер. Неговата самодоверба има висок плафон и созрева со секој натпревар. Може да забележите работи во него што ќе ви кажат дека ќе биде околу 10 или 15 години, -вели искусниот стопер за „ЕСПН“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг