Рајт за препирките со легендата на Јунајтед: Го мразев од дното на душата

Дерби

01/04/2020

16:46

2.448

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед и Арсенал и денеска се големи ривали, меѓутоа се далеку од врвот и борбата за пехарот во Премиер лигата, па дуелите не се така жестоки како во минатото кога имаше голема битка, борба на дуелите за секоја топка, за секој метар на теренот и многу често мечевите завршуваа со црвени картони.

Едноставно тогаш ривалството беше на далеку повисоко ниво и за тоа говори изјавата на легендата на „топчиите“ Јан Рајт кој се потсети на дуелите со Јунајтед и големиот непријател Питер Шмајхел.

-Сега добро се согласуваме, заедно играме голф и се смееме за судирите што ги имавме. Кога сега зборуваме за тоа, јас и Шмајхел, зборуваме за тоа колку навистина го мразев како голман. Знаев колку е добар и колку е тешко да се постигне гол против него. Единствените голови што ги дадов против него беа на пријателски мечеви, -истакна Рајт кој се отвори за стартот врз Данецот во 1997 година на „Хајбери“

-Имавме малку расправии на „Олд Трафорд“ што доведоа до овој натпревар, што беше неколку месеци подоцна. Стартот кој сите го гледаат, прекината беше играта, ама јас не сакав да запрам. Двајцата трчавме по топката, јас скокнав со двете нозе-рекоа дека тој старт е срам за фудбалот. Кога сега ќе го видам, навистина е срамно да се види, - рече искрениот Рајт.





Спонзорирани линкови

Маркетинг