Вистински избор: Овој знак е убедливо најдобриот сопруг во хороскопот

Кармин

01/04/2020

16:27

4.015

Големина на фонт

а а а

Како сопруг, Бикот ги има најдобрите особини од сите знаци на Зодијакот. Тој е нежен, добродушен и верен и никогаш нема да го занемари својот дом и семејството поради било кој друг интерес.

Тој не е сонувач и нема да ви ветува магичен живот, но она што го дава произлегува од дното на неговото срце. Вашиот дом ќе го претвори во удобно и топло катче, а женствената и разумна жена ќе ја почувствува целата сила на неговата нежност и внимание, сензуалност и љубов. 

Мажот Бик поседува истрајност и упорност. Тој го добива она што го посакува, а искуството и сопственото доживување се единствените критериуми за него. Тој секогаш го претвора апстрактното во материјално.

Никој не е трпелив како Бикот. Луѓето родени во овој знак се познати по својата бавност и промисленост поради кои никогаш не се откажуваат од својата цел, ниту од својата партнерка. Иако понекогаш им е тешко да тргнат, кога еднаш ќе се одлучат, тоа ќе го направат. Освен тоа, Бикот е многу упорен, рационален и стабилен, па затоа можете секогаш да се потпрете на него.


Мажите родени во знакот на Бик сакаат да успеат, но не им е цел само да работат и да бидат успешни – сакаат и да уживаат во животот, да изградат дом, семејство, да остават нешто зад себе. Добро ги контролираат своите чувства, апсолутно се предани на своите задачи. Имаат јасни цели кои сакаат да ги постигнат, но не и соништа бидејќи не се сонувачи и идеалисти кои тежнеат кон нешто што не можат да го остварат.

Мажите Бикови се добродушни, но не и наивни. Лесно можат да ги препознаат оние кои сакаат да ги искористат и со таквите знаат да бидат исклучително строги и груби. Мажот Бик не е расипник, но сака да си дозволи одредени лични задоволства.

Бикот е навистина идеален сопруг, полн е со внимание, трпение, грижа. Тој ја обезбедува материјалната сигурност на својата сопруга и ги задоволува нејзините желби.

Мажите родени во овој знак се страстни, но сепак реални и вистински мажи. Познати се како големи заводници, но сѐ се менува во бракот – тогаш стануваат многу верни.


Венера му дава исклучитела смисла за убаво, што придонесува до тоа Бикот секогаш да бара убава и згодна сопруга. Тие обожуваат другите да зависат од нив и сакаат да чувствуваат дека му овозможуваат сè на своето семејство.

Бикот ги обожува својата сопруга и деца и секогаш се труди да им обезбеди најдобри услови, емотивна сигурност, добро образование, интересни патувања, добра забава, квалитетна храна, убава облека… сѐ што нуди овој свет.

Кога еднаш ќе се ожени, Бикот тешко се разведува.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk