Д-р Мозли советува: „Вака најдобро ќе се изборите против коронавирусот и ќе го зајакнете имунитетот“

Точка

01/04/2020

15:54

7.887

Големина на фонт

а а а

„Само со силен имунитет можеме да се избориме со сите вируси и болести кои што ни се закануваат“.

Престојувањето дома нè чува од опасниот вирус со кој што моментално се соочуваме. Освен што го поминуваме времето дома, исклучително важно е да имаме и зајакнат имунитет.

Д-р Мозли предупредува на ризикот од предолго седење и советува дека барем 20 минути дневно треба да посветиме на физичка активност.

„Вежбањето е најдобро нешто со кое што може да го зајакнете вашиот имунитет и тело. Ова не подразбира исцрпувачки тренинзи туку умерена физичка активност“ – изјавил докторот.

„Исто така и исхраната е многу важна, но без активност нема резултати“ – додава тој.


„Активноста мора да биде континуирана и да ги покрене сите мускули на вашето тело. Доколку не почувствувате дека срцето ви чука забрзано, тогаш не сте завршиле добра работа“.

Доколку деновите во изолација ги поминувате седејќи, го зголемувате ризикот од хипертензија, дијабетес, срцеви болести, дебелеење, но и карцином, а сето тоа се фактори кои што исто така се голем ризик за заболување од коронавирусот.

Докторот нагласува дека е најважно физички да сте активни, важно е еднаш во текот на денот да се испотите за вашите мускули да атрофираат.

„Пуштете музика и играјте 15 минути, одберете аеробен тренинг или пак истрчајте се во вашиот двор, што и да изберете ќе биде добро. Единствено важно нешто е да не дозволите да станете мрзеливи и да не се поместувате од место“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг