Додека милиони луѓе ширум светот работат од дома со цел да го спречат ширењето на коронавирусот, многумина не го уживаат тој луксуз.
Докторите и медицинските сестри се први во одбрана од пандемината, а вработените во супермаркетите секојдневно ги полнат полиците со основни намирници.
Сепак, една група е по малку заборавена - луѓето задолжени за чистење кои обезбедуваат чисти болници, сигурни за пациентите.
Една болница неодамна одлучила да ги земе работите во свои раце, па медицинските лица им аплаудирале на своите вработени, хигиеничари, чувари, вработените во кујна и инфраструктурниот персонал, заблагодарувајќи им се за важната работа која ја извршуваат секој ден.
Видеото од здравствените работници кои им аплаудираат на останатите вработени во болницата „Sant Joan de Déu“ во Барселона, стана вирално откако минатата недела беше објавено на Твитер.
Болницата на тој начин им се заблагодарила на своите вработени, бидејќи продолжиле да ги извршуваат своите задачи во исклучително тешки околности поради Ковид-19.
„Заслужен аплауз“, напишале покрај видеото.
Подоцна видеото е споделено и од Министерството за здравство во Каталонија, кое посебно им се заблагодарило на луѓето кои секојдневно работат на спречување на ширење на коронавирусот, опишувајќи ја улогата на хигиеничарите како дискретна, но многу релевантна.