Погледнете како изгледа проститутката од „Pretty Woman“ по 30 години од емитувањето на филмот – дали би ја препознале?

Кармин

01/04/2020

13:05

3.287

Големина на фонт

а а а

По 30 години од снимањето на филмот „Pretty Woman“ ви откриваме што прави актерката Лора Сан Џакомо која што ја толкуваше улогата на проститутката Кит Де Лук.

Американската актерка Лора (57), беше најдобрата пријателка на Џулија Робертс (52) во филмот „Pretty Woman“, а по снимањето на филмот стана мега популарна – еве што прави таа 30 годни по емитувањето на филмот.

Во филмот како што знаеме, Кит ја запозната Вивијан со светот на проституцијата, а во филмот тие беа и цимерки. Лаура ја одигра една од најдобрите споредни улоги во 90-те години, а сите нејзини реплики и денес се цитираат.

По тој филм таа глумела и во серијата „Слободни стрелци“ каде што беше номинирана за Златен Глобус.


Откако серијата престанала да се емитува, таа се појавила во неколку епизодни улоги.

Освоила „Сплит“ награда за најдобра споредна улога која што секоја година ја доделува непрофитната организација „Film Independent“.

Таа се венчала двапати, првиот пат за актерот Камерон Дај со кој била во брак од 1990-1998 година и со кој го имаат синот Мајсон Дај (24) кој што боледува од целебрална парализа.


Вториот брак ѝ бил со актерот Мет Адлер, за кој се венчала во 2000 година и до ден денес се во брак.

Таа денес живее во Сан Фернандо, во долината на Лос Анџелес со својот сопруг и син, а се занимава со многубројни хобија – јавање коњ, гимнастика, лизгање на мраз, балет, тенис, голф, па дури научила и да свири на клавир.

Често се занимава и со хуманитарни настани, а им помага на децата на кои што им е најпотребна помош.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk