Жиру не му остана должен на Бензема и го „пецна“ онаму каде најмногу го боли

Дерби

01/04/2020

12:45

1.790

Големина на фонт

а а а

Светот претходниве денови го обиколи изјавата на фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема кој го омаловажи неговиот сонародник и играч на Челси, Оливие Жиру.

Бензема изјави дека тие двајца не може да се споредат затоа што тоа би било исто како да споредуваш Формула 1 со картинг.

Искусниот Жиру не му остана должен на Бензема и во кратка изјава за „Бифут“ го пецна онаму каде најмногу го боли. Играчот на Реал Мадрид долго време не е член на репрезентацијата на Франција, а неодамна се жалеше поради тој факт и бараше барем да му се дозволи да игра за Алжир.

Жиру го знаеше тоа и токму затоа упати доста зајадлив одговор до неговиот сонародник.

– Некои велат дека не може да се спореди Формула 1 со картинг, а јас само ќе кажам дека сум светски шампион, што мора да признаете не е лошо за некој кој е „картинг“, - изјави Жиру.



Спонзорирани линкови

Маркетинг