Филмски грабеж во домот на Ешли Кол, разбојниците го врзале за стол и му одзеле...

Дерби

01/04/2020

11:08

1.300

Големина на фонт

а а а

Фудбалските ѕвезди и покрај обезбедувањата околу нивните куќи, често се мета на вооружени грабежи и крадци кои сакаат да се збогатат со тоа што ќе им украдат вредни предмети од нивните куќи.

Филмски грабеж искусил и поранешниот фудбалер на Челси и Арсенал, Ешли Кол кој бил нападнат од група разбојници на 21 јануари.

Како што јавува „Сан“, Кол бил врзан за столица во неговиот дом, а напаѓачите ореден период му се заканувале по неговиот живот. На крај однеле екстремно вреден накит и го напуштиле неговиот имот.

Фудбалерот не бил повреден, но подолг период не можел да се рехабилитира од стресот кој го доживеал таа вечер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг