Љубов во време на корона: 80-годишници секој ден се состануваат на затворената граница

Точка

31/03/2020

21:51

3.715

Големина на фонт

а а а

Возрасен пар станал славен среде пандемија на коронавирусот поради секојдневните прекугранични состаноци.

80-годишниците Инга Расмусен од Данска и Карстен Тучесен Хансен од Германија се состануваат во близина на градот Авентофт, за да поразговараат и да се напијат нешто, седејќи на препорачана оддалеченост.

Границата помеѓу овие две земји е затворена поради пандемијата.

Двајцата станале локално познати за време на кризата откако градоначалникот на Тодер наишол на нив додека возел велосипед. Нивната фотографија и приказна ја споделил на неговиот Фејсбук профил.

„Тие двајца се запознале пред две години, а повеќе од една година секој ден го поминуваат заедно. Госпоѓата Расмусен се вози до граница со нејзиниот автомобил, додека господинот Хансен доаѓа со велосипед“, напишал градоначалникот Хенрик Франдесен.

Признале дека некогаш пијат и чашка ракија, но дека Инга почесто пие кафе.

„На крајот на денот, морам да возам“, рекла а локалните медиуми.

Овој интересен пар пронашол креативен начин за да ја одржи својата врска жива за време на пандемијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг