Том Круз може да добие сѐ, но во оваа прекрасна и убиствена машина може да биде само патник...

Точка

31/03/2020

16:52

3.242

Големина на фонт

а а а

Познатиот холивудски актер може да добие практично сѐ што посака во животот, но една работа не може, односно не смее. Иако тоа го посакувал многу, сепак му било забрането да управува со морнарички воен авион вреден 70 милиони долари.

Американската морнарица и покрај големите пилотски вештини на Том Круз, не се согласила да му дозволи на актерот да управува со моќниот F/A-18 Super Hornet авион и да изведува „лудории“ на небото.

Тоа во интервјуто за “Empire” го откри Џери Брукхајмер, продуцент на новото продолжение на култниот филм од 80-тите години од минатиот век – Top Gun: Maverick кој би требало да се најде во кината ова лето. Тој откри дека на Том Круз, кој сакал да лета со авионот поради „реализмот“, сепак не му била исполнета желбата.


„Морнарицата не му дозволи на Том да лета со F-18, но тој во филмот управува со P-51 и со хеликоптери. Тој со авион може да направи било што во воздух“, откри Брукхајмер.

Инаку, во првиот „оригинален“ Top Gun, актерите повраќале во текот на летот со F-14 Tomcat авионите, па практично ниту еден кадар не можел да се искористи во филмот, па сцените биле снимани на друг начин. Во новиот филм, Том Круз се погрижил сите актери да бидат „патници“ во F-18 во чиј кокпит биле поставени бројни камери. Како актерите реагираа за време на летот и оптоварувањето со „Г“ силата, погледнете на видеото подолу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг