25-годишната пејачка позитивна на коронавирусот: „Излегував само до маркет“

Точка

31/03/2020

15:47

5.371

Големина на фонт

а а а

Младата американска кантри ѕвезда Кали Шор на социјалните мрежи откри дека се заразила со коронавирусот и покрај тоа што од дома излегувала само за да оди до маркет.

25-годишната пејачка на Твитер напиша дека успеала да се зарази со коронавирусот и покрај тоа што три недели поминала во карантин, при што повремено одела по намирници.

„Се чувствувам значајно подобро, но тоа е доказ колку и ова е опасно и заразно. Бескрајно е фрустрирачки да гледаш како луѓето ова не го сфаќаат сериозно“, додала Шор, која на Инстаграм има повеќе од 42.000 следбеници.

View this post on Instagram

ain’t no hollaback girl ⚡️ @_jmerrigan

A post shared by Kalie Shorr (@kalieshorr) on

Младата пејачка, најпозната по песната „Lullaby“, открила дека најлошо се чувствувала првите неколку денови.

„Првите днови беше апсолутно ужасно. Никогаш претходно не сум се чувствувала така. Ме болеше целото тело, а грозницата беше како да ме носи бран. Целосно го загубив осетот за мирис и вкус“, напишала таа.

Откако еден корисник на Твитер ја нападна дека измислува дека е заразена, пејачката откри дека најлошо ѝ било пред една недела, а потврдата дека станува збор за коронавирусот ја добила вчера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг