Кинески доктор открива тајна: „Маските и миењето раце не се доволна заштита од вирусот. Една работа мора да ја правите неколку пати на ден“

Точка

31/03/2020

22:21

33.171

Големина на фонт

а а а

Ванг Хаинг, фармацевт во болницата на Медицинскиот универзитет во Пекинг, изјавил дека носењето маски и миењето раце не се доволна заштита од коронавирусот.

Познато е дека носот е ‘капија’ на дишните патишта, а во него нечистотиите лесно можат да се задржат. Во носната празнина, како што објаснува Хаун, постојат влакна и многубројни набори во слузницата во која се собира прашината, микроорганизмите и вирусите. Затоа тој предлага дека носот веднаш треба да се мие по враќањето дома.

„Доколку сте изложени на загадено опкружување, миењето треба да го направите веднаш штом излезете од тоа опкружување, а препорачливо е тоа да го правите неколку пати на ден“ – објаснува тој.


Доволно е чистењето на носот да го направите со зовриена вода, чија температура е приближна на телесната температура на вашето тело. Премногу ладната или пак премногу топлата вода може да ја надразне слузокожата на носот.

Хаинг советува дека употребата на солената вода кај пациентите со хроничен ринитис, како и кај лицата со многу затнат нос е многу корисно. Таквата вода го намалува отокот на ткивото на носната празнина и слузокожата.

Во текот на миењето на носот, главата треба малку да ја спуштите надолу за водата да не влезе во респираторниот тракт. Вовлечете ја водата со едната ноздра па силно дувнете. Истото тоа направете го и со другата ноздра.

Целта е бактериите и вирусите да се исфрлат од носот, а не да се вовлечат во белите дробови. Бидете внимателни при чистењето на носот!




Спонзорирани линкови

Маркетинг