Доколку сте ги имале овие симптоми можеби вашиот организам веќе се изборил со коронавирусот

Точка

30/03/2020

16:43

60.749

Големина на фонт

а а а

Појавата на некои од овие симптоми може да биде јасен знак дека вашето тело веќе се изборило со опасниот вирус.

Коронавирусот можно е, барем како што тврдат во последните денови експертите ‘да се прележи и на нозе’.

Експертите наведуваат дека постои можност некои од луѓето да прележале коронавирус и пред епидемијата официјално да започне. Доколку сте имале благи облици на овие симптоми, веројатно успешно сами сте се избориле со овој вирус, пренесуваат од ‘Дејли Мејл’.

Истражувањето кое што било спроведено на Универзитетот Оксфорд покажало дека постојат осум јасни знаци кои укажуваат на тоа дека сте прележале коронавирус:

Очна инфекција

Новото истражување покажало дека инфекцијата на очите, како конјуктивитис може да биде симптом на Ковид-19.

„Познато е дека било која инфекција на респираторниот тракт може да резултира и со вирален конјуктивитис како секундарна компликација, што е случај и со Ковид-19“ – истакнуваат научниците.


Сува кашлица

Еден од најчестите и најпрепознатливи симптоми на коронавирусот е токму сувата кашлица.

Ментален замор

Иако тоа не е официјално препознатливо како симптом за коронавирусот, некои од заразените пациенти го пријавиле како симптом.

Температура

Освен сува кашлица и ова е еден од најчестите показатели за коронавирус.

Потешкотии во дишењето

Чувство на притисок во градите и неможноста длабоко да вдишете исто така се наведува како симптом.

Губење на сетилата за слух и мирис

Неодамна британската Асоцијација за оториноларингологија предупредила дека губењето на сетилата за мирис и вкус може да укажува на Ковид-19.


Стомачни проблеми

Кај некои случаи од заразените со Ковид-19 имало и симптоми на дијареа.

Физички замор

Уште еден од симптомите на Ковид-19 кој што се појавува како последица на настинка, вируси, но и многубројни други болести е чувството на замор и исцрпеност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг