Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката позитивна на Ковид-19

Точка

28/03/2020

22:50

1.884

Големина на фонт

а а а

Охридското обвинителство информира дека по информациите кои излегоа во јавноста, отвориле предмет за смртта на стружанката кај која било потврдено дека била позитивна на вирусот Ковид-19.

„Според првичните информации, поради нагло влошената здравствена состојба кај сега починатата пациентка, матичниот лекар препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница. Но, пациентката и покрај упатувањето, не е примена во болницата. Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско-последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност“, соопшти Обвинителството.





Спонзорирани линкови

Маркетинг