Почина шпанската принцеза откако се зарази со коронавирус, веста ја потврди нејзиниот брат

Точка

28/03/2020

20:35

8.641

Големина на фонт

а а а

Шпанската принцеза Мариа Тереса (87) од кралското семејство Бурбон-Парма починала откако се заразила со коронавирус, пренесува „Mirror“.

Братот на принцезата, 79-годишниот принц Сикстус Хенри од Бурбон-Парма, ја потврил веста за медиумите. Мариа Тереса е една од досега 5-те илјади починати жители во Шпанија од коронавирусот.


Родена е во 1933-та година во Париз, како една од 6-те браќа и сестри. Никогаш не се венчала и нема деца.

Неодамна е објавено дека од коронавирусот е заразен и британскиот принц Чарлс, но дека има благи симптоми. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг