Финскиот пристап значително се разликува од шведскиот: Војската и полицијата целосно го блокираа Хелсинки

Точка

28/03/2020

16:59

4.425

Големина на фонт

а а а

Финската полиција и војска целосно го блокираа главниот град на оваа скандинавска држава, Хелсинки.

Финските власти одлучија да се воведе блокада во земјата уште во средата, но потребна беше и потврда од парламентот, нешто што беше завршено во текот на вчерашниот ден.

Очекувано, во вечерните часови се создаде голем метеж во сообраќајот, многу жители се обидоа во последен момент да го напуштат градот, додека полицијата започна да постава огради и да ги блокира влезовите во градот. Воспоставени се вкупно 30 пунктови кои ќе ги контролира полицијата и војската во обидот да се спречи напуштање на главниот град.

Блокадата ќе можат да ја поминат само оние кои доставуваат стока и вршат работи од есенцијална важност. Овие мерки ќе бидат на сила најмалку до 19-ти април.


Да потсетиме, финските власти уште минатата седмица воведоа значајни рестрикции во врска со минувањето на границите, јавните собири, а беа затворени и училиштата ширум државата.

Финскиот пристап значително се разликува од пристапот на нивните соседи од Шведска – земја која веројатно е меѓу последните во светот која нема воведено практично никакви рестрикции во обидот да се сузбие пандемијата на коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг