Макрон: Европа не смее да биде себична, Франција е тука за да ѝ помогне на Италија!

Точка

28/03/2020

16:30

2.521

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон денес се заложи за буџетска солидарност во Европската унија во борбата против коронавирусот и порача дека „Европа не смее да биде себична“.

Претседателот на Франција предупреди дека моменталната криза со пандемијата на коронавирусот не може да биде надмината без европската солидарност, посебно кога станува збор за здравството и буџетот.

„Франција е тука за да ѝ помогне на Италија. Тоа што ме загрижува е болеста на секој човек, а ако не покажеме солидарност, тогаш Италија, Шпанија или некој друг би можел на своите европски партнери да им каже – каде бевте коа ние бевме на фронтот? Не сакам себична и поделена Европа“, изјави Макрон.


Истакнувајќи дека многу се зборува за помошта која Италија ја доби од Русија и Кина, Макрон го постави прашањето зошто никој не вели дека Франција и Германија ѝ испорачале на Италија два милиони маски и десетици илјади заштитни одела. Според Макрон, тоа можеби не е доволно, но секако е некаков почеток.

„Не смееме да бидеме затруени од тоа што нашите меѓународни партнери и конкуренти го велат“, изјави Макрон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг