Десет фудбалери на Валнесија се заразени со коронавирусот тврди „Марка“. Според овој извор вкупната бројка на заразени во клубот е 25.
Клубот минатата недела објави дека осуммина биле заразени со вирусот, тројца фудбалери (Езекиел Гарај, Хосе Гаја, Елијаквим Магала) и петмина вработени во администрацијата.
Исто така минатата недела клубот потврди дека 35 отсто од луѓето кои биле во Милано на 19 февруари на натпреварот Аталанта-Валенсија во Лигата на шампионите биле позитивни на вирусот КОВИД-19.