„Сезоната ќе биде изгубена ако не продолжиме во јуни“

Макфакс

28/03/2020

15:09

908

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на Европската фудбалска унија (УЕФА) Александар Чеферин истакнал дека сезоната ќе биде изгубена доколку националните шампионати не продолжат во јуни. Поради коронавирусот во Европа, со исклучок на Белорусија, суспендирани се националните првенства.

„Имам три опции да почнеме во средината на мај, во јуни или кон крајот на јуни. Доколку ниту една опција не се оствари тогаш сезоната ќе биде изгубена. Сепак постои можноста наредната сезона да започне подоцна. Ќе видиме која опција ќе биде најдобра за клубовите“, рекол Чеферин и дополнил.

„Доколку продолжат националните шампионати тогаш би можеле да ја завршиме и сезоната во европските купови. Нека се играат натпревари и во деновите кога се играат натпревари во националните првенства.“

Инаку УЕФА поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19 го одложи Европското првенство за наредната година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг