Фармерките повеќе не се во тренд – на модната сцена ќе доминираат овие модели

Кармин

27/03/2020

15:16

4.294

Големина на фонт

а а а

Иако веќе со децении се парче без кое ниту една сезона не може да пројде, се чини дека дојде време фармерките малку да “одморат”.

Наместо нив во сезоната пролет/лето оваа година ќе носиме малку поинакви модели. Во понудата ќе се најдат интересни панталони со најразлични должини, но и еден модел на здолниште. Со тоа, секоја дама ќе успее да пронајде парче кое ќе се вклопи во нејзиниот стил. 

Па, да тргнеме по ред:

Тексас здолниште

Иако фармерките нема да бидат толку актуелни, тексасот не оди целосно во заборав. Здолништата од овој материјал често ќе ги гледаме на улиците бидејќи тие се одлично парче за лежерни комбинации, одење на кафе, кино или прошетка. Со ова парче се сложува апсолутно секоја боја, што ви дава многу можности за креирање на најразлични аутфити.

Бермуди

Бермудите ќе бидат најголем тренд на сезоната, според предвидувањата на дизајнерите. Со ова парче можете да создавате лежерни, но и многу елегантни стајлинзи.

Хеланки

Освен што се удобни, хеланките дозволуваат комбинирање на најразлични стајлинзи. Стил и удобност, сè е на едно место, па затоа речиси и да не постои жена која не ги сака.

Плетени панталони

Овој модел веќе ги освои срцата на модните трендсетерки. Тие се лежерни и удобни и не постои причина зошто да не ги сакате и вие. Плус, во комбинација со широка кошула изгледаат феноменално.

Панталони во впечатливи бои

Веселите бои се актуелни оваа сезона, а панталоните во некои од нив ќе го освежат секој аутфит. Монохроматскиот стил како овој е полн погодок.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk