Таа е една од најубавите жени на светот – погледнете ја без грам шминка

Кармин

27/03/2020

12:03

6.889

Големина на фонт

а а а

Манекенката и актерка Амбер Херд важи за една од најубавите жени на светот, а исто така таа не се срами да го покаже своето лице без шминка.

Таа неодамна во друштво на девојката Бјанка Бути шетала по улиците на Лос Анџелес, правејќи пауза од изолацијата поради пандемијата на коронавирусот за да го прошета своето куче.

Амбер била во опуштено издание, без грам шминка, докажувајќи дека може да се пофали и со природната убавина која што ја поседува.


Популарната русокоса носела удобни фармерки, црна памучна маица и јакна во карамела боја, а со сето тоа носела и гумени црни чизми.


Без оглед на нејзиниот лежерен аутфит и фактот дека нема ниту шминка ниту фризура, поранешната сопруга на Џони Деп сепак покажала дека изгледа одлично и кога не е средена, а нејзиното лице изгледа совршено – како мало девојче, а не 33-годишна жена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk