Фотографиите од мускулестото тело на сексапилниот актер ќе ве стоплат во овие студени денови

Кармин

27/03/2020

10:43

2.350

Големина на фонт

а а а

Еден од најсексапилните актери на светот, 36-годишниот Крис Хемсворт, го покажал мускулестото тело додека бил на сурфање во Австралија.

Инаку Хемсворт обожува да сурфа, а папараците го фотографирале додека разговарал со своите пријатели. Особено внимание привлекле неговите стомачни мускули и гради. 


Властите во Австралија се борат со пандемијата на коронавирусот како и нивните колеги ширум светот, но холивудскиот актер кој е моментално во Бајрон Беј не дозволува ширењето на вирусот да му ги расипе плановите.


Тој кон крајот на минатата година откри и какви се неговите планови за актерската кариера. Имено, славниот татко на три деца планира да направи пауза од снимањата за да се одмори и да има повеќе време за семејството.

Ѕвездата на “Thor” тогаш рече дека ќе мирува 6 месеци, но тоа беше пред да започнат проблемите во светот поради коронавирусот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk