Манекенката Хајди Клум се чувствувала лошо, па била подложна на тестирање за коронавирус, заедно со вереникот Том Каулиц.
Резултатите кои ги добиле биле негативни, а Хајди преку Инстаграм објасни сè.
„Многу сум подобро, ви благодарам. Имав само силна настинка од која сè уште се опоравувам. Ви испраќам многу љубов на сите“, напиша Хајди на својот Инстаграм профил.
Многу фанови коментирале дека се среќни што нивната миленичка не е заразена од опасниот коронавирус.