Овој астронаут има совет за сите кои сега се чувствуваат заробени дома

Точка

26/03/2020

21:43

2.731

Големина на фонт

а а а

Крис Кесиди влегува во карантин - но за астронаутите на НАСА, која се подготвува за полетување на Меѓународната вселенска станица, тоа е само дел од рутината.

Пандемија или не, астронаутите секогаш се изолирани две седмици пред лансирањето, за да се обезбеди да не носат несакани бактерии до вселенската станица, а овој процес НАСА го нарекува "стабилизација на здравјето". Вселенската агенција исто така рекла дека разгледува можност за тестирање на Кесиди и членовите на неговиот екипаж на COVID-19 пред да полетаат, за секој случај. 

Овој капетан на Воената морнарица на САД и поранешен оперативец на Морнаричките фоки, ќе им се приклучи на космонаутите Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер на руската ракета Сојуз, која ќе ги лансира на МВС. Триото ќе живее и ќе работи на вселенската станица шест месеци во рамките на експедицијата 63, со која ќе командува Кесиди. Ова ќе биде трето патување за Кесиди во вселената, откако во орбитата забележал вкупно 182 дена лет во вселенски шатл во 2009-та година, како и престојот на МВС четири години подоцна, наведува "National Geographic".

Во едно интервју објавено преку телефон, Кесиди рекол дека подготовките за лансирање во период на пандемија не се разликуваат, и дека карантинот за нив како членови на екипажот е многу сличен со тоа што го навикнал во изолација. Тоа што му е необично е фактот дека и остатокот од светот е во карантин.

Ова социјално дистанцирање кое луѓето го доживуваат сега навело многумина прв пат да работат од дома, вели Кесиди. Нагласува дека Меѓународната вселенска станица е сигурно најекстремното окружување за работа од дома.

А за сите вас на кои изолацијата во паѓа тешко, овој астронаут со искуство во карантин има совет.

"Мислам дека поставувањето на рутина е најважна работа. Немаме избор по тоа прашање. Луѓето од контролата на мисијата ни кажуваат каква ќе биде рутината. Но тоа го доживеав при регрутацијата во војска. Во текот на мојата служба во морнарицата имаше периоди без оперативни активности и откривме дека навистина е здраво групата да остане во некоја нормална рутина", завршува Кесиди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг