Популарната пејачка се опила во самоизолација, па не ѝ било срам да го сподели ова видео со своите фанови...

Кармин

26/03/2020

18:27

4.499

Големина на фонт

а а а

Како и многубројни светски и домашни ѕвезди, пејачката се наоѓа во самоизолација па открила со што се забавува во овој период.

Популарната пејачка Пинк поради пандемијата на коронавирусот се наоѓа во својот дом, а признава дека ѝ е здодевно. Сепак таа здодевноста решила да ја замени со чашка алкохол, но очигледно дека се напила малку повеќе...

На Инстаграм објавила видео каде што ја покажала новата фризура, а нагласила и дека во текот на самоизолацијата опивањето за неа станало спорт.

„Кога пијам, ми се раѓаат прекрасни идеи. Синоќа се сетив дека би можела да се потстрижам“ – изјавила Пинк.

Пејачката потоа ја покажала својата нова фризура која што дотогаш ја имала покриено со капа. На некои делови од главата воопшто нема коса, додека некаде имала дупки, но таа сепак изгледа задоволно.

Додала и дека во текот на вечерта се обидела да ја поправи таа штета и им порачала на сите да останат во своите домови.

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk