Сакате да ги усовршите вашите кулинарски способности? Италијанскиот готвач дава бесплатни часови за готвење

Кармин

26/03/2020

17:54

2.606

Големина на фонт

а а а

Доколку некогаш сте сакале да ги подобрите вашите кулинарски способности, сега веројатно е најдоброто време за тоа...

Не само што подготовката на домашни оброци е прекрасна дистрикција од светката криза која што ја живееме моментално – оваа активност ќе го нахрани вашето тело, ум и душа.

За среќа, еден од најдобрите готвачи на светот моментално организира бесплатен курс по готвење кој што може да го следите по пат на вашиот мобилен телефон.

Масимо Ботура, готвачот од Мишелин, лансираше нова Инстаграм серија наречена „Kitchen Quarantine“ каде што ве води низ подготовката на прекрасни рецепти.

Во првите неколку епизоди, Ботура на своите гледачи им покажал како да подготват Thai kari, тортелини и макарони со сирење. Мора да признаеме дека тоа е вистинска прегратка од јаглени хидрати која што моментално ни е многу потребна.

Додека неговата земја, Италија се бори со најлошата епидемија, славниот готвач ја оддржува позитивноста и ветува дека ќе ги мотивира дури и оние кои што немаат многу големи кулинарски способности.

Покрај готвењето, тој на својот Инстаграм профил им одговара и на своите фанови за сите двоумења во врска со рецептите, методите или пак состојките кои што се користат при правење на некаков специјалитет.

Оваа негова серија се емитува во живо, на Инстаграм профилот на славниот готвач секој ден во три часот попладне. Часовите се на англиски јазик и целосно бесплатни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk