Сопствениците на хитот „Senorita“ страстно се бакнувале сред улица, а на сексапилната Камила никој не може да ѝ одолее...

Кармин

25/03/2020

17:03

3.863

Големина на фонт

а а а

Камила Кабело и Шон Мендез биле фотографирани додека шетале по улиците на Мајами за време на пандемијата коронавирус.

Канадскиот музичар Шон Мендез (21) и неговата девојка, кубанско-американската пејачка Камила Кабело (23) биле фотографирани додека разменувале нежности во текот на паузата од самоизолацијата по улиците на Мајами.

Тие двајца се заедно речиси една година, а сега докажале дека во нивната врска сè уште има страст.


Тој бил без маица додека ја бакнувал својата сакана девојка која што носела долг, шарен фустан.

И двајцата биле во опуштено издание, а таа покрај фустанот кој што го носела имала и сребрена нараквица и гумени влечки.

Тие шетале по улиците на Мајами држејќи се за рака, а во другата рака држеле кафе и уживале во утринските сончеви зраци.


Згодниот пејач донираше 175.000 долари во фондацијата „SickKids“, за да се опремат со потребната медицинска опрема поради борбата со коронавирусот.

Во лондонско интервју, кубанската убавица изјавила:

„Да се биде заљубен е чувство кое што те исполнува и ти ја одзема цела инспирација“ – одговорила кога ја прашале кога со своето момче планира да направи друг хит.

„Не можеме дури да појдеме ни до студио, се обидуваме да се смириме малку“ – заклучила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk