„Одев на забави со девојки, а потоа имав оргии со нивните мајки, роднини...“ – искрено признание на Тајсон

Точка

25/03/2020

16:12

9.803

Големина на фонт

а а а

Боксерската легенда Мајк Тајсон на 53 години признал дека во животот преживеал многу работи. Вртоглави успеси во кариерата му донеле многу работи за кои што многумина сонуваат во животот, слава, многу пари...

Како што и самиот признал во најновото интервју, во тие денови “немал идеја како да се носи со славата и толку многу пари“:

„Кога бев млад, бев како животно со парите“ – изјавил Тајсон за емисијата „American conffesed“.

„Им давав пари на сите, одев на забави кога можев, спиев со мајките на моите девојки, сестрите, нивните роднини... Тоа беа оргии. Бев луд. Бев болен, а не знаев дека сум болен. Им купував автомобили на многу девојки“.

Тајсон во својата бурна кариера банкротираше, лежел во затвор поради силување и забележал 50 победи од вкупно 58 натпревари.


„Немав контрола во пиењето и храната, спиев со многу жени...“.

Во меѓувреме Тајсон изјавил дека сега станал друг човек кој што е способен да се избори со своите демони.

„Сега гледам само како да живеам поздраво и да бидам морален. Кога ќе го погледнам својот живот во минатото, сфаќам дека сум имал некаков емотивен проблем. Имав проблем со моралот, бев без морал“ – изјавил Тајсон, поранешниот светски првак и еден од најдобрите боксери во историјата на тој спорт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг