32-годишната пејачка Ријана донираше 5 милиони долари преку својата фондација “Clara Lionel” за борба против коронавирусот.
Фондацијата го носи името на нејзините баба и дедо. Ријана одлучила да поддржи неколку организации на кои им е потребна помош.
“Одговоривме на Ковид-19 со дистрибуција на 5 милиони долари за хуманитарните организации “Direct Relief”, “Feeding America”, “International Rescue Committee”, “WHO”, “Partners In Health” и Барбадос за опремување на заедниците со заштитна опрема, медицински потрепштини и храна во повеќе региони”, објавила фондацијата која Ријана ја основаше пред 8 години.
Една од целите е поддршка и финансирање на ефикасни образовни и здравствени програми и одговори на итните состојби ширум светот.
“Никогаш не било поважно и поитно да се заштитат и припремат маргинализираните и недоволно зачувани заедници и оние кои таа пандемија најтешко ќе ги погоди”, порачала извршната директорка на фондацијата “Justine Lucas”.
Организациите им помагаат на заедниците со донација на заштитни средства и медицинска опрема, а дел од донациите ќе се искористат и за помош во развојот на вакцина против коронавирусот како и други методи во борбата против него.