Половина век од футуристичкиот спортски автомобил на Мерцедес...

Точка

24/03/2020

17:16

2.603

Големина на фонт

а а а

Мерцедес овие денови го прослави 50-тиот роденден од својот експериментален концепт “C111”.

Автомобилот кој по дизајнот целосно отскокнуваше од тогашната продукција на Мерцедес беше претставен на Саемот за автомобили во Женева во 1970-та година.

Станува збор за експериментално концептно возило со кое германскиот производител најави потенцијален продукциски суперспортски автомобил, и стана вистинска сензација во Женева. Мерцедес експериментираше со повеќе верзии и типови на мотори, па така во првите две верзии беше вграден ротацискиот “Wankel” мотор.


Автомобилот се издвојуваше и по својата специфична металик портокалова боја, како и по клинестиот облик на каросеријата.

“C111” има специфични “Gullwing” врати кои се отвораат нагоре, а иако е во прашање спортски двосед со централно поставен мотор, автомобилот е смислен како едно практично возило. Има два багажници, еден напред и еден назад.


Мерцедес влезе во историјата со тоа што “C111” беше првиот автомобил целосно проектиран со помош на компјутер, со што се скрати времето за развој и конструкција на овој автомобил за четири месеци.

Иако од Мерцедес на женевскиот саем порачаа дека станува збор за експериментален концепт, компанијата набрзо била преплавена со понуди на воодушените купувачи кои сакале да го видат овој автомобил во својата гаража. За жал, идејата да се продолжи со развој на продукциски модел подоцна била отфрлена откако светот се соочил со голема нафтена криза.


Моделот “C111” никогаш не беше развиен како сериски автомобил, но остана запомнет како еден од најинтересните концептни возила од тој период.



Спонзорирани линкови

Маркетинг