Враќање во 90-те: Познатите инфлуенсерки воведоа моден тренд за време на карантинот

Кармин

24/03/2020

16:10

3.089

Големина на фонт

а а а

Кој вели дека за време на изолација треба да ги пуштиме модните трендови “во вода“?

Сигурно ви здодеаја широките, домашни маици и тренирки и баш сега имате неизмерна желба за средување и “шик“ аутфит.

Сепак, ако сте дома, тоа не значи дека не треба да бидете во чекор со модните трендови.

Познатите инфлуенсерки покажаа дека во нив уживаат и за време на карантинот, а успеаја и да вратат тренд од 90-те години. Тој пред сè е удобен, па сигурни сме дека не постои девојка која нема да го присвои.

Ја знаете онаа, добро познатата: „Ми треба нешто 'за по дома'“? Токму овде станува збор за такви парчиња облека. Познатите дами се фотографираат во удобни комплети, без разлика дали станува збор за спортски или елегантни парчиња.

Сепак, она што исто така станува многу актуелно, се тренирките од растеглив материјал, кои исто така се многу удобни.

Изберете ја својата комбинација и бидете во тренд и за време на карантинот!


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk