Рита Ора на мета на критики поради колекцијата на маици која е посветена на коронавирусот

Кармин

24/03/2020

15:18

2.821

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата која снајде бројни земји ширум светот поради пандемијата на коронавирус вклучи и активирање на многу познати личности.

Популарната пејачка Ријана донирала 5 милиони долари во борба против “невидливиот пријател”, актерката Гал Гадот ги повика своите Инстаграм следбеници заедно да пејат додека потегот на Рита Ора не наиде на пофалби и позитивни коментари. 

Пејачката одлучила да лансира своја колекција на маици, посветена на овој вирус, а парите од продажбата ќе ги донира на здружението “Covid-19 Solidarity Response”.

“Ако не сте чуле, ја лансирав колекцијата #Stopthespread и кампања во соработка со ОН и СЗО. Сите пари од продажбата ќе одат во рацете на здружението “Covid-19 Solidarity Response”. Ако сакате да направите нешто во врска со коронавирусот, останете безбедни и чисти и одиграјте ја својата улога со купување од оваа колекција. Ние можеме заедно”, напишала Ора под фотографијата.

Сепак, изгледа дека пејачката очекувала позитивни критики, но постигнат е целосно спротивен ефект – многу нејзини следбеници истакнале дека ова било потполно непромислен потег и дека едноставно можела да донира пари. Исто така, многумина истакнале дека сега нема место за рекламирање на ваквите маици и дека ваквиот потег ѝ бил непотребен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk