Мерилин е најпаметната жена на светот со IQ 228 – ова се нејзините 4 фит совети за здрава исхрана

Кармин

04/03/2020

13:44

6.170

Големина на фонт

а а а

Мерилин вос Савант, жената која во Гинисовата книга на рекорди е запишана како личност со најголемо IQ на светот, дала совети како правилно да се храните.

Кога Мерилин имала 10 години, измерено ѝ било IQ од 228 и дека има ментална способност за 23-годишен човек. Сепак, таа избрала да живее како “целиот нормален свет“ - одела во локално училиште, работела во продавницата на својот татко, а потоа се запишала на студии по психологија на Универзитетот во Вашингтон па се откажала по две гдини.

Кариерата ја започнала правејќи разни квизови за магазините, а потоа добила своја рубрика во магазинот “Parade”.

Рубритака „Прашајте ја Мерилин“ била конципирана во “драгоцени совети“ фазон - Мерилин одговаала на најразлични прашања од читателите, од математички загатки до секојдневни животни дилеми, а едно од прашањата било поврзано со навиките кога станува збор за исхраната.


„Во овие денови кога не одам во теретана, вообичаено јадам месо (или риба), зеленчук, компир, ориз, плус леб со малку путер.

Разновидноста ја обезбедувам и со парче торта, пита... Понекогаш сакам да го консумирам само омиленото сирење со урми, малку џем или пак леб со суво грозје.

Во теретана одам секој втор ден, веднаш после работа. Во текот на тие денови јадам полесна храна, вообичаено некоја салата или пак топла кифла. Кога се честам себеси, одам во мојот омилен ресторан и јадам реш печен бургер со помфрит, но само доколку е крцкав“.

Мерилин се придржува до овие правила:

1. Избегнува грицки - не купува чипсови, грисини и слично, а во кујната чува основни намирници кои што ѝ се потребни за да си приготви три оброка во текот на денот;

2. Исфрлете ја ужинката - наместо овојшје и сокови, Мерилин препорачува шолја чај;

3. Одвикнете се од калоричните пијалаци и мразот - исфрлете го мразот од пијалаците затоа што тој го “убива“ вкусот на пијалакот па поради тоа го пиете премногу;

4. Не прејадувајте се - „Прејадувањето е најлошиот начин на фрлање на вкусната храна“ - смета Мерилин. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk