Да се лутиш значи да се казнуваш себеси за грешките на другите. Човечки е да се греши, христијански да се простува. Но, до која граница, на кого, кога и зошто простуваат дел од нашите јавни личности? Еве што ни одговорија:
Според мене простувањето е од Бога и е за верниците. Доколку премине во навика, простувам доколку постои покајание, а ако нема покајание гревот нема ни прошка.
Секогаш простувам, но никогаш не заборавам. Можам да простам и да заборавам како ништо да не било, само доколку сфатам дека некој ме повредил несвесно или немал друг избор. Но, кога знам дека некој намерно и со умисла ми правел нешто „позади грб“ е тогаш никогаш не заборавам. Можам да простам за да не си ја трујам душата со омраза, ама нема да заборавам никогаш и повеќе никогаш со такви луѓе.
Нормално дека простувам, не сум злопамтило и покрај тоа што понекогаш знам да се налутам. Сите грешиме и ако грешката се исправи добро е да се прости. Но, се држам на страна од луѓе без осет. Понекогаш е подобро да простиш и да продолжиш понатаму. Држењето лутина најчесто ни штети нам, тоа не решава ништо, напротив креира проблеми. Нормално е кога некој ќе не повреди да го искажеме незадоволството, но се во интерес на решавање на проблемот. Нема поента во држење лутина или гаење лоши емоции према било кој, бидејки на крајот од денот ние ќе завршиме со лоши емоции, а личноста која го предизвикала тоа често не е ни свесна за фактот.
Добрата комуникација не остава простор за лутина, таа ни помага да се разбереме како луѓе. Да се прости е благородно, тоа ја покажува големината на нашето срце. Ситните луѓе не можат ни да соберат сила да простат. Простувањето е победа над егото, не прави почовечни, посплотени и посреќни. Не тера да се преиспитаме, да сочувствуваме и да избереме пријателство и разбирање наместо недоразбирање, лутина и гнев. Секако секоја ситуација е различна и сите луге не сме исти, но верувам дека длабоко во нас царува љубовта која прифаќа, простува, разбира и сака. Без тронка срам ќе рече Прости ми и Простено е.
Се давав, не се штедев, очекував, се разочарував...престанав. Не простив никому, им простив на сите. Си простив себеси. Си простив што ќе се штедам...себично. Им простив на сите кои ми згрешиле и на сите кои ќе ми згрешат. Простено однапред. Невозможно е да ме разочараат. Сфатив, ве сакам сите, нау плис фак оф.