Првпат се огласија сестрите на Коби Брајант на денот кога светот се простува од него: „Сè се промени засекогаш“

Точка

24/02/2020

18:05

4.127

Големина на фонт

а а а

Шери и Шеја Теб опишале колку многу им е тешко поради оваа семејна трагедија која што ги снашла.

Светот се простува од Коби Брајант за кој во 19 часот во Стејпл центарот ќе биде одржана “прославата на животот“, меморијалниот собир кој се организира наместо класична комеморација.

Во чест на Коби и неговата 13-годишна ќерка Џиџи, која исто така настрада во хеликоптерската несреќа, симболично е избрано место кое на Коби му беше втор дом и каде што помина 20 години и за тоа време стана еден од најголемите играчи на сите времиња.


На денот кога светот се простува од Коби и засекогаш го чува споменот за него, се огласија и неговите сестри, Шери и Шеја кои истакнале дека животот им се сменил засекогаш по трагедијата.

„Во името на нашето семејство ѝ се придружуваме на Ванеса, Наталија, Бјанка и Капри во жал за губитокот на Коби и Џиана во таква трагична несреќа. Скршени сме поради губитокот на братот, синот, нашата внука, а нашите срца се со сите семејства кои ги загубија своите сакани. Нашите животи засекогаш се сменети“ - навеле сестрите на Коби Брајант во изјава за „iOne Digital“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг